Манчестер јунајтед го договори Кукурела од Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед ги договори личните услови со Марк Кукурела за позајмица од Челси.

Гигантот од Лондон ја прифати понудата од „црвените ѓаволи“ за позајмица за која ќе добие два милиони фунти, иако претходно бараше повеќе пари.

Јунајтед веќе неколку дена покажуваше интерес за Кукурела и денеска ги направи првите конкретни чекори, па наскоро ќе го промовира Шпанецот како ново засилување.

Кукурела минатото лето во рекорден трансфер пристигна во Челси од Брајтон, но не ги оправда очекувањата.