Манчестер Јунајтед го пикираше фудбалерот кој ќе им биде примарна трансфер цел во летниот преоден рок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед го пикирал играчот кој ќе биде прва опција за летниот преоден рок.

„Ѓаволите“ ќе се обидат да го ангажираат фудбалерот на Астон Вила, Џек Грилиш кој игра одлично оваа сезона во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед ќе ја разгледа опцијата и за ангажман на Џејмс Медисон, но неговиот трансфер помалку е веројатно дека ќе се реализира.

Играчот од средниот ред на Астон Вила речиси сигурно ќе си оди од клубот без оглед дали ќе опстанат во Премиер лигата или не.