Манчестер Јунајтед испука петарда во мрежата на ЛАСК Линц (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед забележа убедлива победа на гостувањето во Австрија кај ЛАСК Линц.

„Ѓаволите“ славеа со 5:0 и речиси сигурно си обезбедија пласман во четвртфиналето од Лига Европа иако треба да се одигра и возвратниот натпревар на „Олд Трафорд“.

Одион Игало го постигна првиот погодок и со 1:0 се замина на полувреме. Во вториот дел Даниел Џејмс, Хуан Мата, Мејсон Гринвуд и Андреас Переира до врв ја наполнија мрежата на ЛАСК.

Базел исто така беше убедлив и славеше на гостувањето кај Ајнтрахт со 3:0, додека Башакшехир со минимални 1:0 славеше против тимот на Коенхаген.