Манчестер Јунајтед ја совлада Астон Вила и постави нов рекорд во Премиер лигата (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед славеше лесна и убедлива победа на „Вила Парк“против тимот на Астон Вила.

„Ѓаволите“ победија со 3:0, а креатори на победата беа Бруно Фернандеш и Мејсон Гринвуд кои во првиот дел ја тресеа мрежата на домашниот тим, а во второто полувреме Погба ја докрајчи судбината на Астон Вила.

Инаку, со оваа победа Манчестер Јунајтед постави нов рекорд во Премиер лигата затоа што стана првиот тим во Премиер лигата кој славел со три или повеќе погодоци на четири натпревари по ред.

Претходно избраниците на Оле Гунар Солскјер славеа против  Шефилд Јунајтед (3:0) Брајтон (0:3) и Борнмут (5:2).