Манчестер Јунајтед ќе жртвува еден играч за да го донесе ван де Бек


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сандеј Мирор“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е подготвен да го жртвува Андреас Переира во намерата да го донесе играчот на Ајакс, Дони ван де Бек.

23 годишниот холандски фудбалер е предмет на интерес и на Реал Мадрид, но се верува дека Манчестер Јунајтед барем засега е фаворит во трката за неговиот потпис.

„Ѓаволите“ ќе го понудат Переира на Ајакс, а доколку холандскиот гигант ја одбие можноста да го ангажира, ќе се обидат да го продадат играчот, па со тоа да ослободат место за одличниот ван де Бек.

Инаку, Переира токму од Холандија се пресели во Манчестер Јунајтед. Фудбалерот како младинец премина од школата на ПСВ во школата на Манчестер Јунајтед.