Манчестер Јунајтед на крилата на новото засилување стигнаа до убедлива победа во ФА Купот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед славеше убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Дерби Каунти во последниот осминафинален натпревар д ФА Купот.

„Ѓаволите“ во ниту еден момент не дозволија да бидат изненадени од домашниот тим предводен од капитенот Вејн Руни.

Одион Игало на два пати ја затресе мрежата на домашниот тим, а еднаш тоа од рака му појде и на Лук Шо.

На голот на Манчестер Јунајтед одличен беше Серхио Ромеро кој во два наврати го спречи Вејн Руни да постигне гол против својот поранешен клуб.