Манчестер Јунајтед нема ништо против продажба на директен ривал доколку се вратат вложените пари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерик Бејли во Манчестер Јунајтед пристигна во 2016 година од Виљареал, но сега се наоѓа на прагот на Олд Трафорд.

Оле Гунар Солскјер за ова лето има на ум да прави „ремонт“ на тимот, а Ерик Бејли ни под разно не се совпаѓа со планот на норвешкиот стручњак.

Ерик Бејли во Јунајтед немаше среќа ни со повредите кои го спречија да го осигура своето место во првиот состав на тимот, па така 25 годишниот стопер од Брегот на Слоновата Коска моментално се наоѓа на рехабилитација.

Манчестер Јунајтед нема ништо против тоа да го продаде Бејли без разлика на тоа дали купецот ќе биде директен ривал од Премиер Лигата.

Наводно интерес за Бејли покажа Арсенал кој мора да направи огромни промени кога е во прашање нивната штоперска линија.

Црвените Ѓаволи се спремни да го продадат Бејли на Арсенал, се разбира само ако цената им одговара.

Манчестер Јунајтед сака да ги врати своите вложени средства за трансферот на Бејли, така што тој ова лето би можел да го напушти Олд Трафорд за 30-35 милиони фунти.

Треба да се истакне и тоа дека за Бејли интерес покажале и неколку шпански екипи, така да, Арсенал ќе има силна конкуренција во трката за неговиот потпис.

Ерик Бејли оваа сезона одигра само 12 натпревари во Премиер Лигата за Манчестер Јунајтед, додека во Лигата на Шампионите одигра 4 натпревари.