Манчестер Јунајтед нуди двајца играчи за Хари Мегваер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер очајно посакува во своите редови да донесе стабилен централен денфазивец кој ќе биде партнер на Виктор Линделоф за следната сезона.

Изборот веројатно ќе падне на Хари Мегваер за кого од Лестер бараат вртоглави 80 милиони фунти.

Со цел да ја намалат цената, од Манчестер Јунајтед се подготвени во спротивен правец да ги пуштат Маркос Рохо кој би потпишал перманентен договор со „лисиците“ и Ерик Бејли кој би пристигнал на „Кинг Пауер“ како позајмен фудбалер.

Сепак, се верува дека Лестер нема да ја прифати оваа понуда и ќе бара само пари за својот играч.