Манчестер Јунајтед освен пари за Солскјер, на Молде му понудил и…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постои опција Манчестер Јунајтед да одигра пријателска средба со екипата на Молде како знак на добра волја што клубот не правел големи проблеми за пуштањето на нивниот тренер, Оле Гунар Солскјер да биде перманентен предводник на „Ѓаволите“.

Манчестер Јунајтед вчера ги потврди натпреварите кои ќе ги игра на летната турнеја, па така меѓу натпреварите со Тотенхем и Милан има разлика од десет дена во кои лесно може да се вметне уште еден подготвителен натпревар кој веројатно ќе биде одигран во Норвешка.

46 годишниот Солскјер утрово доби тригодишен договор и сега од привремен стана перманентен предводник на Манчестер Јунајтед.

Се верува дека Манчестер Јунајтед ќе му плати на Молде и околу пет милиони фунти за услугите на Норвежанецот.