Манчестер Јунајтед победнички на „Турф Мур“, се доближи на бод до четвртата позиција

Манчестер Јунајтед славеше важна победа на тешкото гостување на „Турф Мур“ против тимот на Барнли.

„Ѓаволите“ победија со 2:0 во натпревар во кој доминираа во првото полувреме, а одиграа израмнет натпревар во вториот дел.

Ентони Марсијал го отвори резултатот во финишот на првиот дел, додека конечниот резултат го постави Маркус Рашфорд во самиот финиш од средбата.