Манчестер јунајтед подготви досега невидена казна за Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Манчестер јунајтед воопшто не се среќни по интервјуто на Кристијано Роналдо кај Пирс Морган за неговиот статус во премиерлигашот.

Роналдо не играше на претходните два натпревари за „црвените ѓаволи“, а во интервјуто кажа дека нема почит за тренерот Ерик Тен Хаг затоа што и тој не го почитувал.

Португалецот ја отвори душата и го критикуваше клубот бидејќи смета дека неколку луѓе се обидуваат да го избркаат.

Англиските медиуми пишуваат дека ова интервју на Роналдо нема да помине без казна, па наводно Португалецот ќе мора да плати околу милион фунти за тоа што го кажа во интервју кај Морган.