Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Ливерпул во борба за фудбалер од 50 милиони евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Медиумите од Германија пишуваат дека Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Ливерпул се во трка за потписот на Хуго Ларсон.

Станува збор за фудбалер кој моментално игра за Ајнтрахт од Франкфурт и сите го гледаат како одличен и многу креативен млад играч од средината на теренот, а наводно интерес за него досега покажале и Арсенал и Тотенхем.

Сепак, тој интерес очигледно се загубил, но новинарот на „Скај Спортс“ од Германија, Патрик Бергер, тврди дека Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се решени да се обидат да го доведат во јануари следната година, а во приказната се вклучи и Ливерпул.

Aјнтрахт моментално е втор на табелата во Бундеслигата, додека се трети на табелата во Лигата на Европа, а Ларсон постигна четири гола.

Иако е многу среќен во Франкфурт, постои чувство дека тој е подготвен веднаш да го напушти овој клуб и да се испроба во некој од гигантите кој го сакаат.

Хуго Ларсон пристигна во Франкфурт од Малме во 2023 година и има договор со овој тим до 2029 година.