Манчестер јунајтед се засили со талентиран фудбалер од Аталанта


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер јунајтед објави дека го договорил трансферот на Амад Дијало, кој потпиша договор со премиерлигашот до јуни 2025 година.

Овој трансфер се најавуваше уште пред неколку месеци, но Дијало не можеше да замине на Островот поради работната виза, сепак сега се средија документите и тој слободно може да се пресели во Манчестер.

Дијало сезонава настапи на два меча за Аталанта, од кои еден беше во Серија А, вториот беше во Лига Европа.