Манчестер Јунајтед со судни маки по 120 минути го елиминира Копенхаген

Екипата на Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата славеше победа против тимот на Копенхаген со 1:0.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер до победата стигнаа во продолженијата откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, 0:0.

Единствениот гол на средбата падна во првото продолжение кога Бруно Фернандеш прецизно биеше од белата точка.

Манчестер Јунајтед беше доминантен во текот на целиот натпревар, меѓутоа не најде начин од игра да го совлада голманот на данската екипа, па мораше тоа да го прави од прекин.