Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Синоќа Манчестер Јунајтед ја продолжи црната полуфинална серија. Поразот од Севилја беше трета елиминација на еден чекор од финалето оваа сезона. Шпанците одат понатаму благодарение на голот на Де Јонг, промашувањата на Маријал, Рашфорд и Гринвуд, но и со ’помошта’ на одбраната на тимот на Солскјер.
Холанѓанецот, кој влезе од клупата, го немаше својот чувар по асистенцијата на Навас – наскоро следеше расправија помеѓу Фернандез и Линделоф, а Швеѓанецот направи огромна грешка.
Пол Сколс спомна по мечот дека Јунајтед мора да плати онолку колку што бара Борусија, Санчо не би го пропуштил во офанзивата на Јунајтед. Прашањето е дали само офанзивата е проблем.
Англиските медиуми пренесуваат дека Јунајтед повторно ќе инвестираат во одбраната. Бен Вајт е на скенерот на Вудвард. Англичанецот е играч на Брајтон – тој блескаше во Лидс минатата сезона.
Речиси сите клубови од најдобрите шест на ПЛ го сакаат 22-годишниот играч, се наведува дека во трката е и Ливерпул и дека понудите на Челси и Лестер од 20 милиони фунти веќе се одбиени.
Брајтон бара педесет милиони фунти за нивниот млад дефанзивец, а „Галебите“ немаат проблем да остане уште една сезона, сметаат дека цената само ќе се покачи.
Ливерпул го продаде Ловрен, се распрашуваат за Вајт, од друга страна, Јунајтед ќе се ослободи од Смолинг, Jонс и Рохо. Ако започне ’војна на понудите’, ќе бидеме близу до нов трансфер „Мегвајер“ во текот на следното лето.