Манчестер сити ќе ја дознае својата судбина на 13 јули!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер сити на 13 јули ќе дознае дали ќе биде исфрлен од европските натпреварувања. УЕФА го казни премиерлигашот во февруари поради кршење на финансискиот фер-плеј, а покрај тоа треба да платат и казна од 30 милиони евра.

Очекувано, раководството на англискиот клуб веднаш испрати жалба до Судот за спортска арбитража (ЦАС), па по тридневното сослушување минатиот месец, конечната одлука за судбината на тимот ќе биде донесена за 12 дена.

Пресудата во овој случај ќе биде јавно објавена на 13 јули и тогаш ќе биде познато дали Сити и официјално ќе биде исфрлен од Европа или казната на УЕФА ќе биде укината.