Манчестер Сити му носи партнер на Натан Аке, фудбалер на Севилја прв избор на Пеп


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Сити влегол во официјални преговори со Севилја за ангажман на еден стопер на тимот.

Станува збор за одличниот стопер, Жулс Кунде кој минатата сезона беше еден од главните играчи на тимот предводен од Жулен Лопетеги.

Ангажман на централен дефанзвиец ќе биде приоритет на Манчестер Сити до крајот на преодниот рок, а Кунде е прв избор.

Колегата на Кунде од Севилја, Диего Карлос исто така се поврзува со Манчестер Сити, но со него клубот ќе влезе во преговори доколку не успеат преговорите со 21 годишниот француски стопер.