„Манчестер сити не е Реал Мадрид, па да освои три-четири титули во ЛШ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот шампион Манчестер сити се обидува да стигне до првиот трофеј во Лигата на шампиони (ЛШ), но засега тоа не му успева на тренерот Пеп Гвардиола.

Тренерот на „граѓаните“ во разговор со новинарите кажа дека сака да ја освојат титулата во елитното европско натпреварување, но тоа е тежок предизвик.

„Доколку утре ја завршам кариерата, ќе бидам среќен поради успехот кој го постигнав со Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити. Не очекував ваква кариера. Не сакам да бидам под притисок и мило ми е што сум во Сити. Никогаш не мислев дека ќе освоиме три-четири титули со Сити во ЛШ, зашто не сме Реал Мадрид“, кажа Гвардиола.