Манчестер Сити прави неочекуван трансфер од Кристал Палас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Манчестер Сити ќе се обиде да го донесе голманот на Кристал Палас, Винсенте Гуаита.

Гуаита би пристигнал на „Етихад“ како замена за Клаудио Браво кој би требало да си замине од клубот.

Гуаита оваа сезона има шест натпревари без примен погодок во Премиер лигатаи игра одлично во тимот предводен од Рој Хоџсон.

Кристал Палас не сака да го загуби 32 годишниот голман, па токму затоа ќе му понуди нов договор со кој се надева дека ќе го убеди да остане во клубот.