Манчестер сити преживеа во Мадрид, Ливерпул со реми ја елиминираше Бенфика (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид и Манчестер Сити вечерва одиграа 0:0, резултат кој во полуфиналето го одведе тимот на Пеп Гвардиола благодарение на триумфот од првиот дуел во Манчестер (1:0).

Сити тешко дојде до гол во првиот натпревар, а тој гол на Де Брујн се покажа и како одлучувачки во двомечот. Не се залета денес Атлетико, повторно повеќе внимаваше на својот гол. Меѓутоа како што одминуваше времето, создаваа шанси пред голот на Едерсон. Најголемите ги имаа во последните десетина минути.

Но, мрежата на „граѓаните“ не се затресе. Во последните минути Атлетико остана и без играч помалку откако Фелипе заработи директен црвен картон. Во полуфиналето од Лигата на шампионите Манчестер Сити ќе игра против Реал Мадрид.

Ливерпул не дозволи изненадувања и со реми против Бенфика на свој терен од 3:3 ја одбрани победата од првиот натпревар со 3:1.