Манчестер сити си купи уште еден трофеј!

Сопственикот на Манчестер сити, Шеик Менсур бин Зајед Ал Најан во својата колекција додаде уште еден трофеј.

За него не мораа да се борат тренерите и фудбалерите, туку си го купи. Тој даде пари за најстариот трофеј во ФА-купот.

Тој на аукција за 760.000 фунти го откупи трофејот, кој Манчестер сити го освои по победата против Болтон во финалето на ФА-купот во далечната 1904 година.

Ова е најстариот трофеј, а го добиваа тимови кои го освоија Купот во период од 1896 до 1910 година.