Манчестер сити следната сезона ќе изгледа страшно (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот англиски шампион Манчестер сити го доби потписот на Ерлинг Халанд, кој ќе го плати 60 милиони евра на Борусија Дортмунд, па без сомнеж тренерот Пеп Гвардиола добива врвен напаѓач.

„Граѓаните“ претходно го договорија и талентираниот Хулијан Алварез, па овие две засилувања треба да му помогнат на Гвардиола конечно да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ).

Гвардиола и неговите момци сезонава беа запрени во полуфинале на елитното натпреварување, иако беа на праг до финале, но Реал Мадрид ги шокираше во завршницата од реваншот.