Манчестер Сити во Валенсија ја пронајде замената за Лерој Сане

Манчестер Сити ги договорил личните услуги со крилниот фудбалер на Валенсија, Феран Торес.

„Еуроспорт“ јавува дека Пеп Гвардиола притискал за ангажман на Торес како замена за Лерој Сане кој веќе е во Минхен откако пред неколку денови потпиша договор со Баерн Минхен.

Феран Торес има уште една година од договорот со Валенсија и скоро сигурно ќе си оди од „Месталја“ по крајот на сезоната.

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид исто така се заинтересирани за неговангажман, но тој изразил голема желба за работа со Пеп Гвардиола.