Манчестер Јунајтед разгледува ангажирање на хрватскиот репрезентативец


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста за доведување на Игор Матановиќ од Фрајбург, пишуваат англиските медиуми.

Хрватскиот напаѓач наводно е спомнат внатрешно како можност во случај на заминување на Џошуа Зиркзи, а неговата ситуација ја следи и Тотенхем.

За сега нема понуди ниту конкретни преговори со Фрајбург, па станува збор за почетна фаза на интерес. Матановиќ минатата сезона постигна 15 голови во сите натпреварувања, од кои 11 во Бундеслига.