Манчини: Македонија? Сите се сеќаваме што се случи во Палермо…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот селектор Роберто Манчини не е многу среќен по ждрепката за квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Италија за противници ги доби Македонија, Англија, Украина и Малта, но селекторот Манчини добро се сеќава што се случи пред неколку месеци во Палермо.

Македонија во март успеа да ги изненади Италијанците со гол во последните минути сред Палермо и така да ги елиминира од плејофот за пласман на Мундијалот во Катар.

„Имав некое претчувство дека ќе ги добиеме Англија или Франција. Но, секогаш е предизвик да се игра против Англија на Вембли. Македонија? Тоа е најтешкиот ривал од четвртиот барабан, сите видовте како беше во Палермо, не смееме да се опуштиме“, кажа Манчини.