Манџукиќ останува црно-бел до крајот на 2021. година! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Она што се шпекулираше изминатите денови, сега доби официјална потврда – Марио Манџукиќ останува во Јувентус.

Иако нема преоден рок во последните две години во гласините да го нема дека заминува од Торино, на крајот Манџукиќ доби нов договор и се обврза да и биде верен на „Старата дама“ до јуни 2021. година.

Договорот помеѓу двете страни е постигнат уште пред еден месец, а дека се е завршено потврди сега и торинскиот клуб во кој Манџукиќ ќе заработува четири милиони евра по сезона плус бонуси.

Овој договор е само награда за неговата работа, а Јувентус веројатно ќе биде последната станица во кариерата на Манџукиќ со оглед на тоа дека на крајот од истиот ќе има 35 години.

Манџукиќ оваа сезона одлично се надополнува со Кристијано Роналдо во врвот на нападот. Досега, сметајќи ги сите натпреварувања, постигна вкупно 9 погодоци и притоа запиша шест асистенции.