Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Марио Манџукиќ наскоро би можел да потпише договор со својот нов клуб, а тоа, според италијанските медиуми, ќе биде Интер.
Имено, Манџукиќ е слободен играч и може да преговара со заинтересираните клубови, а наводно еден од нив е Интер.
Хрватот ги мина последните седум месеци во катарскиот Ал Духаил, но реши да се врати во Европа затоа што не е задоволен од квалитетот на фудбалот одигран во Катар.
Тие го гледаат Манџукиќ во Интер како замена за Лукаку, но тој би можел да игра и во првиот тим доколку Лаутаро Мартинез го напушти клубот.
Ова би било многу шокантен потег на Марио Манџукиќ за навивачите на Јувентус, затоа што тој играше во нивниот клуб четири години, а тој беше нивниот омилен играч.