Мане доби чест во Минхен каква досега немал никој (Фото)

Баерн Минхен конечно ангажираше еден од најдобрите напаѓачи во светот, Садио Мане, кој беше купен од Ливерпул за 32 милиони евра плус бонуси.

Мане не ја криеше неговата среќа и задоволство поради потписот со баварскиот гигант, па кажа дека е мотивиран и сака да ги освои сите можни трофеи со германскиот шампион.

Спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ кажа дека Баерн добил врвна ѕвезда, која е страв и трепет за сите, па треба да им помогне во остварување на целите.

По претставувањето Мане доби голема чест и нешто што досега никој не го добил во Минхен.