Мане го „отпиша“ Реал Мадрид: Сакам да играм за Ливерпул засекогаш!

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане не би имал ништо против да остане на „Енфилд“ до крајот на кариерата. Тој стигна од Саутемптон во 2016 година и од тогаш е еден од нивните најдобри фудбалери.

Мане игра одлично во екипата на Јирген Клоп, а тоа го привлече вниманието на Реал Мадрид, кој наводно е подготвен да плати многу пари за неговиот потпис.

„Многу сум среќен што сум дел од овој одличен клуб и уживам во него. Би сакал да останам тука засекогаш. Бев во некои клубови ширум светов, но Ливерпул е единствен. Го чувствувам како семејство“, кажа 27-годишниот фудбалер.

Мане сезонава на 14 меча постигна девет гола и четири асистенции, а во минатото коло изнуди пенал против Тотенхем.