Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане треба да го облече дресот на Баерн Минхен и така да си замине од Ливерпул, по успешната кариера во премиерлигашот.
Мане во Германија ќе стигне во вторник, а треба веднаш да има медицински прегледи, по што ќе потпише тригодишен договор.
Ливерпул очекува да добие 32 милиони евра за неговиот трансфер, плус шест милиони евра како бонуси кои ќе зависат од бројот на настапи на Мане.
„ЕСПН“ објави снимка и порача дека Мане има големо срце. Сенегалецот на еден натпревар повика момче кое собира топки и му подари дрес, па потоа го прегрна.
Sadio Mane has one of the biggest hearts in football ❤️
— ESPN FC (@ESPNFC) June 18, 2022
(via @ChampionsLeague)pic.twitter.com/gcdyS1PCs4