Мане објасни зошто го избра Ливерпул, а не Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Садио Мане во ова лето стигна во редовите на Ливерпул од Саутемптон.

Мане во Ливерпул стигна за 30 милиони фунти и стана еден од најскапите играчи во историјата на овој клуб. Иако беше на мета на многу европски тимови Мане на крајот се одлучи да дојде на Енфилд.

Познато е дека беше на чекор од Манчестер Јунајтед, но објасни зошто на крајот ги избра Редсите.

“Вистина е дека имав добра понуда од Манчестер Јунајтед и дека се беше речиси завршено.

Сепак, тогаш добив понуда од Ливерпул и не размислував долго, знаев дека е вистински клуб за мене. Ова е гигант во светот на фудбалот и додека слушнав дека Јирген Клоп сака да прифатам да дојдам овде и не ми беше жал што на крајот го одбив Јунајтед“, рече Мане.

Мане веќе одигра неколку подговителни натпревари за Ливерпул, и одма покажа дека ќе биде големо засилување за екипата на Јирген Клоп.