Мануел Ноер го надмина легендарниот Оливер Кан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен славеше против Шалке во Гелзенкирхен со 4-0, а голманот на баварскиот тим, Мануел Ноер повторно ја зачува мрежата недопрена и така го надмина легендарниот Оливер Кан по број на натпревари во кои не примил гол.

Ноер сега зад себе има 197 натпревари во кои ја сочувал својата мрежа, додека Кан остана на еден меч помалку.

Фантастичниот Ноер со години е меѓу најдобрите голмани во светот. Сигурно дека ќе биде на врвот уште неколку години и овој рекорд ќе биде подобрен.