Марадона ќе предводи тим во својата татковина (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона го презема тимот на Химназија Ла Плата.

Адвокатот на познатиот Аргентинец, Матијас Морла кажа дека тие се среќни што се враќаат во татковината.

„Многу е среќен. Помина многу време откако не е во аргентинскиот фудбал, а неговата намера е да води клуб“, порача Морла.

Марадона во јуни го напушти Дорадос поради операцијата на колено и рамо, па од тогаш немаше ангажман.

Претходно ги предводеше Фуџаир и Ал Васл од Обединетите Арапски Емирати, а беше и селектор на Аргентина на Мундијалот во 2010 година во Јужна Африка.

Химназија во моментов се наоѓа на 24 место на табелата на аргентинскиот шампионат со само еден освоен бод од пет меча.