Марадона нема да им остави ништо на бившата сопруга и двете ќерки!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Диего Армандо Марадона во тестаментот не ги запишал поранешната сопруга и ќерките, додека „Ла Република“ пишува дека имал и непризнаени деца и тоа дури 11.

Марадона почина на 60-годишна возраст од срцев удар во неговиот дом, а сега почна битката за неговото богатство.

Тестаментот на Марадона е „тежок“ 100 милиони евра, а банкарски сметки има во Монако, ДУбаи, Минск и Хавана.

Има голем број недвижнини и дури откако почина беше откриено дека има вила во Буенос Аирес, за која само тројца луѓе знаеле.

Марадона официјално има пет деца, но аргентинските медиуми пишуваат дека има 11, кои не се признаени.

Ништо нема да им остави на поранешната сопруга и двете ќерки, а остатокот треба да го добие синот Диегито, кој е роден во 2007 година.

Останатите деца бараат ДНК-тест за да докажат дека нивни татко е Марадона и ќе се борат за неговото наследство.