Марадона знае кој тим е идеален за следен предизвик на Покетино


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона денеска имаше интервју за медиумите и откри дека би сакал Маурицио Покетино да ја преземе Бока јуниорс.

Марадона има предлог кој е скап за Бока, но смета дека на крајот ќе се исплати.

„Бока мора да донесе тренер, кој ќе мора да одговори на секој предизвик. Не е лесно да се седи на таа клупа, па најдобро би било тоа да сум јас, но тоа нема да се случи. Би сакал нивни тренер да биде Покетино, треба да му се јават и да го убедат да седне на нивното кормило“, порача Марадона.

Покетино до неодамна беше тренер на Тотенхем, со кој минатата сезона стигна до финалето во Лигата на шампиони, но и покрај тоа доби отказ по серијата лоши резултати сеззонава.