Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Светската тениска сцена е преокупирана со веста дека Шкотот Енди Мареј стана тренер на Новак Ѓоковиќ. Сега се појавуваат и приказни како се случило ова и зошто двократниот олимписки шампион презеде одговорност за најдобриот на сите времиња.
„Слушнав дека многу врвни асови, и тенисери и тенисерки, во последните четири месеци го повикуваа Мареј да им биде тренер“ рече некогаш најдобриот тенисер во светот, Американецот Енди Родик.
Гостинот на Родик, новинарот Џон Вертхајм, рече дека и тој слушнал слични приказни:
Новак не беше првиот што го повика Енди, но кога неговото семејство ја слушна понудата, му рекоа „ако не го прифатиш повикот, ќе зажалиш“.
Енди Родик зборуваше и за меѓусебното влијание на големата тројка (Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер).
„Надал имаше големо влијание во тоа. Федерер стана подобар благодарение на него, Ѓоковиќ не би бил толку добар ако не беше Рафа. Ако не мораше да игра против Надал, немаше да ја видиме најдобрата верзија на Новак“, кажа Родик.