Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Енцо Мареска ќе биде назначен како новиот менаџер на Манчестер Сити наредната недела и веќе се шпекулира за засилувањата на „Етихад”.
Според последните информации, тој сака да ја искористи својата силна врска со Енцо Фернандез и да го донесе како замена за Бернардо Силва. Енцо веќе неколку недели е на листата на играчи кои би можеле да го напуштат Челзи доколку дојде вистинската понуда, а Сити е принуден да го испразни буџетот за да се засили.
Проблем за Сити може да биде Реал Мадрид, бидејќи и Жозе Мурињо би сакал да го доведе Енцо за обновување на средниот ред. Сепак, опција за Реал е и – Родри и доколку Шпанецот оди во Мадрид, тогаш него на „Етихад” ќе го замени – Елиот Андерсон.
Извонредниот играч од средниот ред на Нотингем Форест, за кого се проценува дека ќе го урне британскиот рекорд во Премиер Лигата, е во метата на бројни клубови, но наводно веќе дал зелено светло за трансфер во Сити.
















