Марез зема мобилен од навивач и гледаше дали имаше пенал за Манчестер Сити


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити вчера беа поразени на гости против Ливерпул со резултат од 3:1 на дербито во 12. коло на англиската Премиер Лига.

Редсите во големото дерби повторно им одржаа лекција на тимот на Гвардиола и на крајот заслужено славеа со победа од 3:1. Ливерпул сега има девет подови повеќе од Сити и се наоѓа на одличен пат за конечно после 30 години да ја освои титулата за првак на Англија.

Домашните стигнаа до водство веќе во шестата минута кога одличен гол постигна Фабињо, на семафорот беше 2:0 уште во 13. минута, а овој пат Браво беше совладан од Мохамед Салах.

Подоцна од Сити побараа пенал над Стерлинг, но судијата не досуди. Марез кој го следеше мечот од клупата зема мобилен од еден навивач кој беше до клупата и спорната ситуација ја покажа на помошникот на Гардиола.