Марио Гомез прави одличен трансфер?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот напаѓач Марио Гомез до крајот на летниот рок речиси сигурно ќе го промени клубот.

Искусниот 31-годишен фудбалер се врати во Фиорентина од позајмица во Бешикташ, а неодамна порача дека сака да го раскине договорот со Фиренца.

За него во последно време се интересираат неколку клубови, а се чини дека најупорни се Вест Хем.

Менаџерот на лондонскиот клуб Славен Билиќ првенствено сакаше да го доведе Карлос Бака, но тој трансфер е се подалеку од реализација, па одлуката наводно падна на Марио Гомез.

Германскиот репрезентативец никогаш не се проба во Премиер лигата и секако дека преминот во Вест Хем за него ќе биде одличен трансфер и шанса за нов предизвик во кариерата.