Марио Манџукиќ сака во Премиер Лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот напаѓач би требало да го напушти Јувентус, а единственото прашање е каде ќе ја продолжи кариерата.

Италијанскиот медиум Тутоспорт денеска објави дека напаѓачот на Јувентус одбил 8 милиони евра по сезона од страна на клуб од Катар, па во јануари сака да премине како слободен играч во некој клуб од англиската Премиер Лига.

Манчестер Јунајтед беше поврзуван со Манџукиќ, но немаше доволно време Јунајтед и Јуве да се договорат околу трансферот, па најверојатно ќе се склучи договор во јануарскиот преоден рок.

Манџукиќ оваа сезона беше отпишан од Торино од страна на тренерот Маурицио Сари, па веднаш одлучи да го напушти клубот.

Освен Манчестер Јунајтед, за потписот на Манџукиќ се бори и Вест Хем. Во Вест Хем, Манџукиќ полесно би се изборил за минутажа отколку во Манчестер Јунајтед, а на Островот нагодуваат дека Јувентус е спремен да го пушти за 10 милиони евра.