Марк Гасол се враќа во Европа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот кошаркар на Торонто репторс, Марк Гасол би можел да се врати во Европа, односно во Барселона.

Откако Торонто беше елиминиран од плејофот, Гасол почна да размислува за својата иднина. Наводно, и покрај тоа што во свои редови го сакаат Голден Стејт, Далас маверикс и Бостон селтикс, сепак Шпанецот ќе се врати во Европа.

За потписот на Гасол е заинтересирана Барселона, а шпанскиот кошаркар во НБА-лигата пристигна пред 12 сезони, додека играше за Мемфис со 2019 година, по што премина во Торонто, со кој го освои трофејот.

Во НБА-лигата одигра 839 натпревари, од кои 824 беа како стартер, со просек од 14,6 поени, 7,6 скокови и 3,4 асистенции.