Марк Маркез ќе вози со брат му во Гресини


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез следната сезона ќе вози во екипата на Гресини заедно со неговиот брат Алекс Маркез.

Маркез неодамна се договори да го прекине договорот со Хонда во која помина 11 години и ги постигна најголемите успеси во кариерата.

„Возбуден сум поради новиот предизвик. Не беше лесно да се донесе ваква одлука затоа што ова претставува голема рпомена. Понекогаш во животот мора да излезете од зоната на комфорт и да го промените ритамот“, кажа Маркез.