„Марка“: Перез му исполни уште една желба на Зидан, Реал добива големо засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако пред неколку месеци Реал Мадрид го договори Едер Милитао од Порто, „кралевите“ наскоро ќе потпишат и со Ферланд Менди, кој настапува како лев бек.

„Марка“ пишува дека биле одржани официјални преговори меѓу Лион и Реал, па двете страни на состанокот биле задоволни со преговорите и во наредните денови се очекува официјална потврда на трансферот.

Левиот бек е голема желба на тренерот Зинедин Зидан и еден од приоритетите за летово, па останува уште да се договорат двата клуба за износот на трансферот.

Лион бара 55 милиони евра, а Реал засега нуди 35, но јасно е дека ќе се договорат и Менди ќе стане нов фудбалер на „кралевите.“

Претседателот на клубот, Флорентино Перез полека, но сигурно му ги исполнува желбите на францускиот тренер. Сепак, во иднина се очекуваат трансфери и на Еден Азар и Пол Погба.