„Марка“ пренесува: Јувентус не може да го издржи Ронадло, само два клуба заинтересирани за Португалецот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Коронавирусот може да му создаде огромни проблеми на Јувентус кој може да остане без првата ѕвезда на клубот, Кристијано Роналдо.

Финансиите ги погодија клубовите, а Јувентус во своите редови има неколку ѕвезди кои заработуваат големи пари. Меѓу нив секако се истакнува Кристијано Роналдо кој заработува мало богатство во Торино.

Доколку од Јуве не најдат финансиско решение, ќе мора да го продаваат играчот за кого сега има интерес само од два клуба. ПСЖ и Манчестер Јунајтед се подготвени да ги платат бараните 70 милиони евра кои мора да се признае дека се многу за играч од 35 години.

Роналдо веројатно по подобри финансии ќе се согласи да се врати во Јунајтед или да се пресели во Париз. За нештата да бидат појасни се чека разврската со коронавирусот која многумина ја очекуваат за нешто повеќе од еден месец.