„Марка“: Реал Мадрид има четири кандидати за нов тренер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Зинедин Зидан по вторпат го напушти Реал Мадрид и тоа го натера претседателот Флорентино Перез и неговите соработници да размислуваат за негов наследник.

Еден од кандидатите за тренер на „кралевите“ беше Масимилијано Алегри, но Италијанецот реши да се врати во Јувентус, па сега Перез разгледува други опции.

Шпанските медиуми објавија дека постојат четири кандидати за тренерската работа во Мадрид, а тоа се Раул Гонзалес, Антонио Конте, Маурицио Покетино и Чаби Алонсо.

Тренерите имаат различен карактер, фудбалска филозофија и однос со клубот, па Перез во следниот период ќе мора да реши кој е најсоодветен кандидат за нов предводник на тимот.

Раул се споменува како природен наследник со оглед на неговиот статус во Реал, Конте има силен карактер, но би донел и победи, Покетино е желба долго време на Перез, додека Алонсо се прослави како фудбалер во тимот.