„Марка“: Роналдо ќе го потпише најголемиот договор во историјата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо го раскина договорот со Манчестер јунајтед по контроверзното интервју со водителот Пирс Морган, а „Марка“ објави дека веќе си пронашол нов клуб во кој ќе се пресели по крајот на Мундијалот во Катар.

Шпанскиот медиум пишува дека Роналдо наскоро ќе потпише договор со Ал Наср од Саудиска Арабија кој ќе му носи по 200 милиони евра годишно.

Роналдо долго време одбиваше да се пресели во С. Арабија и други богати земји, зашто сакаше да остане во Европа, но по лошиот крај со „црвените ѓаволи“ очигледно оваа опција делува пореално во моментов.

Португалецот наводно ќе потпише договор на две ипол години со Ал Наср, а за тој период ќе добие пола милијарда евра.