„Марка“ тврди: Коронавирус се појави и во Реал Мадрид! (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид ги запре сите активности во фудбалскиот и кошаркарскиот тим откако еден член од кошаркарската екипа е позитивен на тестот за коронавирус.

„Марка“ прва објави, а потоа потврдија и неколку други медиуми дека се појавил коронавиус во Мадрид, а засега името не се открива на кошаркарот.

Откажан бил и тренингот на фудбалскиот тим за 11 мај и сите итно го напуштиле тренинг-центарот, па се претпоставува дека сите наскоро ќе бидат тестирани на коронавирусот.

Се очекува кошаркарите да заминат во карантин и дека поради тоа ќе бидат суспендирани сите активности на тимот.