Маркез по девет месеци се враќа на патеката!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот возач Марк Маркез конечно по девет месеци ќе се врати на трките во Мото ГП шампионатот. Тој доживеа тешка повреда на трката во Херез, по што имаше долга рехабилитација.

Се очекуваше да се врати многу побрзо на патеката, но рехабилитацијата се закомплицира и неколку пати мораше да оди на операција.

Меѓутоа, Маркез ги воодушеви своите фанови и потврди дека конечно се враќа на патеката, и тоа следната недела.

„Многу сум среќен! Вчера ги посетив докторите кои ми дадоа зелено светло да се вратам на патеката. Ова беа тешки девет месеци и сега сум среќен што можам да уживам во тоа што најмногу го сакам. Се гледаме следната недела“, напиша Маркез.