Маркез третпат ја оперираше раката, осум часа беше во операциона сала!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шесткратниот светски шампион во Мото ГП конкуренцијата, Марк Маркез, кој доживеа скршеница на раката во првата трка од сезоната во Херез, по третпат го оперираше критичното место.

Оваа операција беше направена затоа што надлактната коска на десната рака не зарасна како што треба, а рехабилитацијата се движеше многу бавно.

„Марк Маркез имаше уште една хируршка интервенција како резултат на бавната рехабилитација“, соопштија од неговиот тим.

Маркез една недела по падот,четири дена од првата операција на раката, се обиде да се врати на мотор, дури возеше и квалификации, но поради болки се откажа.

Новата сезона во Мото ГП шампионатот е закажана за март со трка во Катар.