Мароканец доаѓа во Јувентус за 20 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бенатија наводно прифатил намалување на платата, па наместо 2.2 милиони евра во Јувентус ќе заработува 2 милиони евра.

Беше земи или остави. Бенатија и Баерн изгледа дека одлучија да ја прифатат последната понуда од шампионот на Италија, Јувентус. Доаѓањето на Матс Хумелс во Баерн значеше дека еден од централните дефанзивци ќе ја напушти Алијанц Арена.

Изборот падна на Бенатија, а Јуве ќе плати 20 милиони евра.

Баерн има добри односи со Јувентус некое време, а минатото лето од Торино во Минхен стигна Кингсли Коман.

Според италијанските медиуми ако стигне во Јувентус за очекување е Бенатија во стартниот состав да ротира со Андреа Барзаљи кој има 35 години.